Убавина

Скриените калории во диеталната храна

Се дебелеете а не знаете зашто?

Јадете диетална храна и пак не можете да се ослободите од вишокот килограми? Сигурно многупати сте разговарале за Вашиот проблем со тежината и сите Ви делеле разни совети..

Но сите тие заборавиле да ви кажат дека…

Диеталните закуски, како на пример сувото овошје и благите штангли од житарки содржат скриени калории на кои ретко обраќаме внимание.

Пред Вас е списокот на „најлажливите“ здрави закуски.

Штангли од житарки

Тие изгледаат и звучат „диетално“, скоро и немаат вкус, а често содржат исто калории како и обичните крекери или бисквити…  500 калории во 100 грама.

Црно чоколадо

Црната чоколада е прекрасна замена за разните слатки јадење полни со шеќери и маснотии, меѓутоа во 100 грама црно чоколадо има 600 калории. Затоа немојте да претерувате со црното чоколадо, туку за да ја победите потребата за благо каснете неколку коцки а остатокот оставете го за утре.

Маслиново масло

Две лажички од маслиново масло го збогатуваат оброкот за 240 калории. Овој факт многу луѓе го занемаруваат затоа што знаат дека маслиновото масло спаѓа во здрава намирница. Треба да се внимава со сите маснотии кои ги внесуваме па дури и кога станува збор за маслиновото масло.

Јаткасти плодови

Многумина секојдневно со задоволство грицкаат, бадеми, ореви јадат сушено овошје, често занемарувајќи го фактот дека една шолја од таквата мешавина содржи 700 калории.

Презла

Тоа што е леб во прав не значи дека е без калории. Ако одлучите да додадете презла во јадењето знајте дека сте го обогатиле тој оброк со уште 150 калории.

Напиши коментар