ШоуБиз

Скромната сопруга на Mark Zuckerberg! :)

Богатството на Mark Zuckerberg се проценува на околу 20 милијарди долари, но и покрај тоа, неговата новопечена сопруга Priscilla Chan одлучила да носи скромна венчаница за нивната свадба.

На тајната венчавка, Priscilla носела венчаница со чипка, која била дизајнирана од дизајнерката Claire Pettibone од Лос Анџелес, а вредноста на фустанот изнесувала само 4.700 долари.

Госпоѓата Zuckerberg немала барање венчаницата да биде уникатна. Имено, оваа венчаница со боја на слонова коска се наоѓа на интернет и може да ја купи секој, а е дизајнирана пред две години.

–          Немав појма дека Priscilla има намера да ја носи мојата венчаница на венчавката со Mark. Како и сите останати, дознав на вести, – изјавила дизајнерката.

Напиши коментар