← НАЗАД НА БОЗА

Sky Planters – необичните саксии за поинаква „ внатрешна градина “

Sky Planters – необичните саксии за поинаква „ внатрешна градина “
934 Читања

Џејк и Патрик Морис се иноваторите, „ виновни “ за најпознатиот керамички бренд во Нов Зеланд.

Boskke пак, е името на дизајнот кој го промени начинот на размислување на градинарството во домот. Овој нов концепт, при кој Вашите растенија ќе растат свртени надолу и ќе бидат идеални за закачување, како декоративен мебел…

Овој изум, навистина ќе донесе позитивна промена во Вашата трпезарија, дневна, за целиот внатрешен дизајн… За да овозможат растење на растенијата, овие саксии содржат специјални дискови кои ја држат почвата и растенијата во место и иновативен резервен систем кој штеди вода ( до 80%) и Ваш персонален тајмер, кој ги хидратира. Преку овој неверојатен дизајн добивате пет предности одеднаш: заштеда на вода, прочистување на воздухот во домот, заштеда на време. заштеда на простор и поинаков изглед. Достапни се два модели, класичен и оригинален.За кој и да се одлучите, нема да погрешите…

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk