Работите постојано и немате сила и време кои можете да ги искористите за вежбање? Ако тоа е така пробајте да ги практицирате следниве совети и ефектот ќе биде ист како да сте вежбале 1 час во текот на денот.
Неколку вежби за во канцеларија…
Дигање на колената
Калориите можете да ги трошите и кога седите на стол. Наизменично подигање на колената неколку сантиметри од подот ќе ги затегнете ножните мускули, а со тоа ќе се спречат и честите грчеви при долготрајно седење на стол.
Стегнете ги стомачните мускули
Стомачните мускули можете да ги оформите и кога седите и кога стоите. Стегнувањето и опуштањето на стомачните мускули во интервали по неколку секунди и ќе бидете изненадени од ефектот.
Движете се додека зборите на телефон
Позитивната страна на работата која од вас бара често телефонирање е тоа што можете да трошите додатни калории доколку кога зборите на телефон се движите низ канцеларијата во која работите.
Жвакајте мастика
Додека седите пред вашиот компјутер, ништо не ве спречува да жвакате мастика. Псвен што ги активира мускулите на вилицата, мастиката го намалува гладот, а вие не посегнувате по грицки.
Носете потпетици
Иако честото носење на високи потпетици не е добро за кичмениот столб, штиклите ќе ви помогнат да ги стегнете мускулите на нозете. Имено одењето со штикли активира повеќе мускули за разлика од одењето со патики.
Често станувајте
Кога и да ви создаде прилика да станете од вашиот канцелариски стол, искористете ја таа шанса. На тој начин ќе се размрдате и ќе согорите додатни калории.