Мојата кујна

Сладок Мартини

Прекрасна синергија на вкусот на портокал, ванила и карамела во кремаст десерт кој со сигурност ќе го привлече вашето внимание. Лесно за правење, прекрасно за очи, вкусно до бескрај и совршен за уживање по убава вечера со пријателите.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За ванила крем

2 јајца (жолчки)

50 грама шеќер

1 ванилин шеќер

1 Шлаг пена

60 грама Желатин

1 портокал

ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ:

Ставете го желатинот во вода да набабри. На пареа измешајте ги жолчките и шеќерот, кога ќе добиете компактна маса тргнете ги жолчките од оган. Направете шлаг од шлаг пената, во него дадете ја претходно изренданата кора од портокал. Од портокалот исцедете сок и задно со ванилиниот шеќер ставете ги на оган нека повријат додека не се стопи шеќерот.

Измешајте ги сите состојки со жица за матење додека не добиете компактен крем.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За карамел кремот

60 грама шеќер

1 децилитар слатка павлака

Малку вода

ПОДГОТОВКА:

На карамел кремот

Ставете го шеќерот во сад на оган и постојано мешајте додека не се карамелизира сиот шеќер. Шеќерот треба да добие темно-златна боја (не смеете да го изгорите бидејќи ќе горчи).  Откако шеќерот ќе се карамелизира пополека додадете ја слатката павлака. Варете додека сиот карамелизиран шеќер не се стопи и не добиете средно густ крем.

Карамел кремот оставете го да се олади половина час.

Во чаша за мартини ставете ред крем од ванила ред крем од карамела. Земете лажица и малку промешајте за да добиете интересна форма од 2 крема.

Вкусот е неверојатен!!!

Уживајте!!!

Напиши коментар