Потребни состојки:
– 1 лист желатин
– 190 гр шеќер во прав
– 165 мл шампањ
– 150 гр смрзнати или свежи малини
Подготовка:
Потопете го желатинот во ладна вода. Сварете 140 гр шеќер во 140 мл вода, исцедете го желатинот и растопете го во шеќерната вода без да го варите. Испасирајте ги малините со преостанатиот шеќер во прав.
Во мешавината додадете го шампањот и на крајот малините. Нежно промешајте за да остане смесата шарена. Сипете ја во калапи за сладолед и ставете ги во фрижидер да отстојат цела ноќ.
Доколку немате вакви калапи, тогаш послужете се со чаши од јогурт. Покријте ги со алуминиумска фолија и дупнете ја во средината. Ставете лажичка и самрзнете ги.
