Мојата кујна

Сладолед од шампањ и малини

Потребни состојки:

–      1 лист желатин

–      190 гр шеќер во прав

–      165 мл шампањ

–      150 гр смрзнати или свежи малини

Подготовка:

Потопете го желатинот во ладна вода. Сварете 140 гр шеќер во 140 мл вода, исцедете го желатинот и растопете го во шеќерната вода без да го варите. Испасирајте ги малините со преостанатиот шеќер во прав.

Во мешавината додадете го шампањот и на крајот малините. Нежно промешајте за да остане смесата шарена. Сипете ја во калапи за сладолед и ставете ги во фрижидер да отстојат цела ноќ.

Доколку немате вакви калапи, тогаш послужете се со чаши од јогурт. Покријте ги со алуминиумска фолија и дупнете ја во средината. Ставете лажичка и самрзнете ги.

Напиши коментар