Мојата кујна

Сладолед од виски

Викнете ги пријателите на виски, но во поинаква форма:)))

Потребни состојки:

–      ½ шолја шеќер

–      100 гр црна чоколада, исецкана

–      прстофат сол

–      2 лажици виски

Подготовка:

Ставете го шеќерот, чоколадото солта и две шолји вода во длабок сад. Ставете го садот на среден оган и мешајте постојано. Прелијте во стаклен бокал и оставете нека се излади на собна температура околу 30 минути. Додајте го вискито и измешајте. Сипете ја смесата во калапи за сладолед и ставете ги во замрзнувач да се ладат 3 часа. Потоа ставете им дрвени стапчиња и вратете ги во фрижидер да стојат уште 4 часа.

Напиши коментар