Убавина

Сладоледот е како дрога?!?

Неодоливиот студен десерт, кој е омилена храна на многумина и во кој често знаеме да ја скриеме нашата тага, нашето нерасположение и разочарување не е така безопасен, тврдат научниците. Според нив, возможно е човек да стане зависен од сладолед.

Новата студија на универзитетот во Орегон покажа дека човечкиот мозок смета дека дрогата и сладоледот се иста работа.

Учесниците во истражувањето јаделе сладолед, а научниците за тоа време им го скенирале мозокот. Кога подоцна им била покажана слика од истиот сладолед, научниците повторно им го скенирале мозокот и откриле дека навистина нивниот мозок посакува сладолед.

Истражувањето покажало дека оние кои изеле најмногу сладолед најмногу уживале во првите неколку седмици, а потоа уживале многу помалку. Полето на мозокот поврзано со задоволство не бил толку активен како на почетокот. Овој ефект се сретнува и кај зависниците од дога. Тие уживаат на почетокот на конзумирањето, а подоцна ефектот на уживање се губи, иако телото останува физички зависно, па затоа им е потребна се поголема количина на дрога.

Напиши коментар