Здраво тело

Сладоледот создава зависност како и дрогата

Неодамнешното истражување на институтот за истражување во Орегон САД, на чело со Kajl Burger i Erika Stajs, покажа дека консумирањето на сладолед може да доведе до голема зависност, слична на онаа во која уживаат корисниците на наркотични средства.

До овој заклучок е дојдено врз основа на снимки од магнетна резонанса на мозокот на 151 тинејџер додека јаделе сладолед или прегледувале фотографии од леденото задоволство. Студијата покажа дека човековиот мозок го регистрира сладоледот како некој вид на награда.

Авторите на студијата истакнуваат дека, личностите кои консумираат поголемо количество сладолед, со време развиваат толеранција спрема сладоледот, и на тој начин постојано ја зголемуваат количината на сладолед која ја консумираат, со единствена цел да го задоволат познатото чувство на задоволство.

Напиши коментар