Дестинации

Сламени куќички – кодекс на живеење во Британските провинции

Британија е многу повеќе од мозаик на универзални знаменитости. Доколку сте помислиле дека Лондонскиот мост, Кралските церемонии, дождливото време и огромните стадиони се доволни за да ја познавате, тука сме да Ве корегираме…

Британците се особено горди на автентичните куќички од слама, кои се обележје на сите провинции.  Всушност, градењето на сламени куќички претставува занет на градење покриви од сува вегетација. Топлиот изглед на преубавите домови не само што изгледа интересно за око, туку претставува симбол за комфорт и хармонија. Не случајно, минувачите овие куќички ги споредуваат со гнезда. Придружени од убаво уредените градини, за кои Британците се специјалисти, убавите куќички изгледаат како од приказните.

Обичајот, е главниот мотив на специфичните единици во британските провинции. Во принцип, сите куќи со сламени покриви се дизајнирани на сличен начин, што можеби во британските провинции, почнува да се наметнува  како кодекс на живеење. Со оглед дека е автентичен, различен и преубав, тешко дека некој би можел да му се спротивстави…

1 Коментар

Напиши коментар