Слатката Nicole Richie позирала за јунското издание на списанието „Glamour“ и во интервјуто решила да сподели нешто повеќе од својот приветен живот.
За нејзиниот сопруг, Joel Madden актерката вели:
– Знаете, Joel едвај зборува во текот на денот и потоа од никаде има 9 милиони работи да каже во текот од половина час, од 9 до 9.30, баш кога ја гледам мојата омилена серија.

За нејзиното тело:
– Се чувствувам одлично во мојата кожа. Можам да наоѓам маани, но не сакам. Многу скокови сум направила и се гордеам со тоа. Вежбам, спијам доволно и супер ми е.
За нејзината коса:
– Мислам дека сѐ сама си правам. Можам дури и фризер да станам.

За омилениот дел од денот:
– Кога ќе се разбудам во 5.30 часот, а надвор е сеуште темно. Обожавам да сум сама. Тоа ми помага да бидам подобра мајка и подобра личност на работа.

