На интернет се најде сликата на насловната страна за елитното списание „Вог“ која месец февруари ќе ја краси кантри пејачката Тејлор Свифт. Фотосесијата е направена од Марио Тестино, изминатиот викенд.
На сликата може да се види Свифт во зелено џемперче и со шапка на главата. Мора да признаеме дека изгледот на Тејлор на оваа слика е свеж и енергичен за ралика од бледиот излгед кои сме навикнати да го гледаме на црвениот тепих.
На следната насловна страница, за месец март најверојатно ќе се најде Адел или барем така пишуваат британските таблоиди. Што е поинтересно, за изданието за месец март има отворен конкурс за дизајнерите чија што креација, ако биде избрана, ќе ја носи март-девојката.

