Мојата кујна

Слатко и лесно – чоколада, хопла и мед.. ммм…

Еден од начините да допрете до саканата личност е преку храната. Љубовта доаѓа преку стомакот, нели? Еве еден рецепт кој ќе ви помогне во тоа.

Потребни состојки за чоколадната половина:

1 чоколада, не многу блага

¼ чаша слатка павлака

¼ чаша кафе

1 жолчка

¼ чаша шеќер

1 голема лажица мед

 

Подготовка за чоколадната половина:

Најпрво растопете ја чоколадата. Хоплата изматете ја со жица маталка убаво, додека не добиете цврст снег. Изматете ја жолчаката заедно со шеќерот. Ставете ги на оган. Додадете го и кафето. Мешајте постојано. Зовријте ја смесата. Потоа продолжете со мешање додека не се излади истата. Измешајте ги растопената чоколада, хоплата, медот и жолчаката. Откако ќе се излади смесата ставете ја во некоја чаша, или лименка. Пресечете ја лименката и ставете ја смесата. Потоа лименката ставете ја во замрзнувач да отстои еден час.

Потребни состојки за белата половина:

¼ пакетче желатин

половина бела чоколада

1 белка

3 супени лажици вода во која ќе растопите 3 лажици шеќер во прав

 

Подготовка на белата половина:

Подгответе го желатинот по вообичаена постапка. Додадете ја белката од јајцето и сирупот од шеќер и вода. Матете ја смесата убаво така што ќе добиете убава пенеста смеса. Откако ќе се излади додадете ја во лименката каде го ставивте чоколадниот дел, и вратете ја во фрижидер.

За декорацијата:

На хартија за готвење истурете чоколаден прелив правејќи пеперутка. Ставете ја во замрзнувач за да се стегне чоколадото.

За да ја поплните пеперутката ставете малку шлаг крема или малку од хоплата во која ќе ставите малку мед. По желба може да ставите и малку жолта прехранбена боја. Потоа ставете ја пеперутката повторно во фрижидер. Кога ќе се смрзне ќе биде подготвена да ја поставите на колачот како декорација.

 

Напиши коментар