ШоуБиз

Сликата на Gotye од фамозниот спот продадена за 15.000 долари!

Познатата слика која настанува на телата на изведувачите и во позадината на спотот за песната „Somebody I Used to Know“  е продадена на аукција во Мелбурн.

На сликарката Emma Hack и уметникот познат како Gotye им требале цели три недели работи за да ја направат сликата од спотот, а оригиналната слика настанува на телата на Gotye и Kimbre.

Сликата, која носи наслов „Voices in the Mirror“, е продадена за сума од 15.000 австралијански долари, а форматот на истата изнесува 130Х130 сантиметри.

Уметниците целиот приход го донирале во добротворните организации „Make a Wish Australia“ и „The Thin Green Line“.

Инаку, спотот досега го имаат прегледано околу 230 милиони луѓе:

Напиши коментар