ШоуБиз

Случајот со медицинската сестра на Кејт…Вашето мислење?

На 3-ти декември Англија најпосле ја дозна веста дека може слободно да го очекуваат новиот наследник на тронот.

 

Само неколку дена покасно оваа среќна вест беше помрачена од трагедија. Во почетокот на минатата седмица Кејт беше примена во болница поради тешка форма на гадење.

Двајца водители од австралиската радиостаница 2Day FM се јавиле во болницата барајќи информација за состојбата на Кејт и лажно претставувајќи се како блиски на семејството, односно зборувале во името на кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс. Медицинската сестра која одговорила на повикот поверувала на измамниците и го префрлила повикот кон главната сестра на оделениото која дала детална информација за состојбата на Кејт.

 

Откако медицинската сестра сватила дека била изманипулирана решила да стави крај на својот живот во нејзиниот дом во Англија.

 

Радиоводителите Мел Грејг и Мајкал Крисчен се извиниле за измамата со трагични последици. Тие се отстранети од работа на неопределено време. И двајцата ги блокирале своите Твитер профили бидејќи само за неколку часови биле бомбардирани со гневни реакции на луѓето велејќи им дека имаат крв на своите раце.

Херцогот и херцогињата на Кембриџ се длабоко трогнати од веста за смрта на медицинската сестра Јасинта Салдања.

 

Напиши коментар