Смеењето е вроден и природен начин за постигнување конекција, јаснотија, здравје, хармонија и леснотија во ребалансирањето на хемикалиите на тензијата, стресот и болката. И сето тоа додека се забавувате. Малку луѓе знаат дека смеењето е добар лек, но многу луѓе не сфаќаат дека смеењето всушност е многу моќна алатка за трансформација.
Што смеењето прави за Вас?
– Прави да се чувствувате подобро.
– Го зголемува капацитетот на мозокот.
– Ве разубавува
– Ви помага да одредите што е важно.
– Ви помага да оздравите, да бидете здрави и да останете здрави.
– Ви го разубавува животот.
– Гради успех.
– Во помага полесно да се соочите со стравот.
– Го изградува Вашиот карактер
– Ве прави среќни.
– Ви помага полесно да ја поднесете болката.
Моќта на смеењето…
Истражувањата несомнено ја изненадија медицинската јавност не само поради физичките бенефити кои произлегуваат од смеењето, туку тоа се покажало и како емоционални бенефити во бизнисот и тимската работа. Но она што најмногу изненадило е лековитата моќ на смеењето. Се чини дека смеењето ја ослободува блокираната енергија, овозможувајќи ни истата да ја насочиме кон позитивни цели.
Смеењето исто така се користи за да ги размениме и наши искуства. Кога некој ќе се насмее на својата ситуација, неговото искуство добива друга димензија.
Една од причините зошто е тешко да се поверува сека смеењето може да биде толку моќно е тоа што постојат бројни заблуди околу смеењето. Една од најчестите заблуди е тоа што се верува дека треба да се смееме само кога нешто е смешно. Истражувањата покажуваат дека само 1 од 5 случаи на смеење вклучува хумор. На пример бебињата се смеат иако не гледаат комедии, а малите деца се смеат од 300 до 400 пати на ден.
Најдете ја вашата причина и смејте се …
1 Коментар
Ako e vistina deka smeenjeto go prodolzuva zivotot, togas ima raboti koi mozat da ne napravat besmrtni 🙂