Убавина

Сменете ја чинијата и ослабете

Најновите студии сугерираат дека наједноставна промена на сетот за јадење може да не мотивира да јадеме помалку. Искористете ги овие едноставни трикови и Вашиот сет за јадење ќе ја заврши работата во Ваше име.

1. Користете голем прибор за јадење

Спроведената тајна студија во италијанските ресторани во Милано, откри дека луѓето кои јадат со поголеми виљушки и лажици, јадат помала количина на храна за разлика од оние кои јаделе со помал прибор. Тој феномен се објаснува едноставно, имено користењето на поголем прибор за јадење го прелажува мозокот дека сте изеле повеќе од вистинската количина на храна.

2. Јадете од плави чинии

Истражувачите не се сигурни зашто – можеби затоа што плавата боја смирува? Но луѓето кои јадат од плава чинија се склони да се најадат со помала количина на храна за разлика од оние кои јаделе во чинии со друга боја.

3.сервирајте ја храната во помали чинии

Истражувачите го потенцираат фактот дека, иста количина на храна послужена во различна големи на чинии заситува различно. Имено луѓето кои јаделе од помали чинии побрзо се заситувале за разлика од оние кои јаделе во поголема чинија.

4. Набавете контрастни сета за јадење.

Чиниите со контрастна боја со бојата на храната која ја јадете ќе Ви помогне да го контролирате количеството храна која ја внесувате. Белата чинија го камуфлира пирето и пилешкото месо, а со тоа и чувството дека има малку храна во чинијата. Размислете за зелена салата во црвена чинија, свинско месо во плава чинија…

Напиши коментар