ШоуБиз

Смртни закани заради трачот со Дејвид Бекам…

Оперската дива од Велс, Кетрин Џенкинс добила смртни закани откако медиумите го објавија трачот дека таа имала афера со оженетиот фудбалер, Дејвид Бекам. На својот профил на Твитер таа ја демантирала веста, но тоа наместо да ги смири страстите, уште повеќе ги разгорела.

Почнала да добива заканувачки пораки во кои и била наговестена нејзината смрт. Кетрин го пријавила случајот во полиција. Набрзо по тоа бил фатен малолетникот кој и напишал: Ќе бидеш исечена со нож, само ако Дејвид се разведе од Викторија.

Полицијата сеуште трага по останатите луѓе кои и се заканувале на оперската дива.

Напиши коментар