ШоуБиз

Snoop Dogg во притвор заради малку “трева”

Американскиот рапер, Snoop Dogg се наоѓа во притвор во Норвешка бидејќи влегол во земјата со марихуана и голема сума на пари.

По законот цариниците не смеат да го кажат името, па затоа тие изјавиле дека границата ја поминал американски државјанин кој со себе носел марихуана, која била откриена од куче трагач и со себе носел и голема сума на пари, сума која не е дозволена да се внесе. Со самото тоа тој веднаш бил казнет со 8.600 долари. Моментално Snoop Dogg е во притвор, па ако го ослободат тој вечер ќе настапи на музичкиот фестивал кој се одржува во Норвешка.

Напиши коментар