Имате три пати право да погодите зошто…
Келвин Бродус (40) е уапсен во Тексас поради поседување околу 15 грама марихуана. Раперот заедно со својата екипа патувал со автобусот од турнејата и бил застанат на граничниот пункт Сиера Бланка. Полициските кучиња ја намирисале марихуаната, која полицијата ја пронашле во кантата за отпадоци.
Во Калифорнија, Снуп Дог има уредна дозвола за поседување марихуана од медицински причини, но не смеел да ја понесе марихуаната во Тексас, бидејќи таму не е дозволено поседување на овој вид дрога.
Доколку го осудат, му се заканува казна од 180 дена затвор. Снуп и порано е уапсуван поради поседување „трева“, а неколку пати поради нелегално поседување оружје.