Убавина

Со белки, кајсии, домати против изгореници

Изорениците од сончањето може да бидат многу непријатни, болни и неубави на изглед. За да се справите со нив употребете неколку природни намирници.

Доколку станува збор за помали изгореници тогаш намачкајте се со разматена белка. Оставете нека се исуши. Белката е богата со колаген, а тоа ќе ја смири и обнови вашата кожа.

За да го намалите чешањето и лупењето по изгорениците направете маска од кајсии. Прелијте две до три кајсии со врела вода за да омекнат. Испасирајте ги, додадете им лажица мед и намачкајте се.

Содата пак е антисептики може да спречи да се инфицира кожата. Во ладна купка ставете половина шолја сода и опуштете се.

Домати

Изрендајте еден домат и ставете ја кашата на изгорените делови. По 10 минути измијте се со вода и не се бришете.

Write A Comment