ШоуБиз

Со чиј дечко се плетка Ким Кадрашијан?

По разводот со кошаркарот Крис Хемфри, со кој во брак успеа да издржи дури 72 дена, Ким наводно се гледа со еден играч на американски фудбал, а тој е истовремено во врска со манекенката Кејт Аптон од јатото на „Викториините ангели“.

Се работи за 25-годишниот спортист Марк Санчез, кој од декември е заедно со манекенката. Сепак, 19-годишната Кејт не успеала да ги спречи тајните видувања на Ким и Марк во Њујорк, пренесуваат странските медиуми.

Портпаролот на Ким веднаш ги демантирал овие гласини, но повеќе неименувани извори сеуште го тврдат истото, дека тие двајца секогаш тајно се состануваат кога се во Њујорк… Нема спас од Кардашијанови!

Напиши коментар