Здраво тело

Со чистење на домот – до подобро ментално здравје !!!

Ви се случило ли во моменти на нервоза и депресија да се фатите за крпата за прашина или правосмукалката??? Зошто е тоа така…

Домашните работи не само што ќе го освежат Вашиот дом, туку и ќе ја освежат Вашата психичка состојба… барем така кажуваат научниците.

Дневно доволни се само 20 минути раскревање и чистење на домот и верувале или не депресијата опаѓа за неверојатни 50 проценти уште во првите 10 минути.

Секако доколку подолго време работите низ дома тогаш ефектот е со сигурност позитивен.

Студијата е спроведена на University of Cambridge во Англија, а во истражувањето биле вклучени над 20.000 лица. Сите биле подложени на тест кој го мерел нивото на стрес и депресија на скала од 1 до 10. Резултатите покажале дека женската популација која почесто, односно во текот на неделата го чистеле домот 2 до 4 пати, на скалата на депресија биле под ниво 3. Оние кои чистеле 1 неделно биле во просек на ниво 6. Кај 60 проценти од машката популација нивото на стрес и депресија изнесувало 9 ( не се земале во предвид мажите кои спортувале).

Со студијата се заклучило дека секоја активност е битна за психичкото здравје, меѓутоа само доколку трае непрекинато над 20 минути.

Напиши коментар