Убавина

Со дива жалфија и лешник против опаѓање на косата

Здрава коса на домашен начин

Постојат повеќе начини како сами да подготвите маска за нега на косата. И тоа без одење на фризер и без дополнителни трошоци.

Есенцијално масло за сува коса

Во зависност од густината на косата, измешајте во иста количина бадемово, палмино и маслиново масло. Смесата нанесете ја по целото теме и оставете да делува околу 2 часа пред да измиете со шампон.

Исто така, за сува коса можете да користите смеса од две мали лажички мајонез и свеж лимонов сок по должина на целата коса и да измиете по 20 минути.

Дивата жалфија го намалува опаѓањето на косата

Ставете две лушпи од лешник во две литри вода, оставете да се варат околу 15 минути, па потоа поклопете и оставете ги два часа. Процедете и користете го тоа како лосион пред шампонот, оставајќи го да делува дваесет минути.

Ако косата ви опаѓа, може да ви помогне формулата од кора од лешник и дива жалфија. Во литар вода ставете да се вари кора од 50 грама лешници измешано со 100 грама дива жалфија, 15 до 20 минути. Процедете и оставете да излади. Лосионот втријте го во темето еднаш дневно.

 

Напиши коментар