Без разлика дали сте во врска или сте слободна, ќе делувате поатрактивно ако на некое случување се појавите во друштво на згоден дечко.
Верувале или не од сите аксесоари и од сите козметички третмани и шминки најделотворно “средство” за вашата убавина е згоден и убав маж. Истражувачите од калифорнискиот универзитет откриле дека девојката која покрај себе има згоден фраер изгледа многу попривлечно и привлекува многу повеќе внимание отколку кога би била сама.
Затоа ако сте сингл, а сакате да привлечете внимание на некоја важна свеченост, појавете се со згоден фарер кој ќе има улога на ваш партнер и ќе ги имате сите погледи кон вас.
