Здраво тело

Со добра забава – победете го високиот крвен притисок !

Забавата не е само за деца – и возрасните имаат потреба за неа. И тоа, не само емоционална, туку и физичка.

Неодамнешни јапонски студии потврдуваат дека смеењето и слушањето на омилената музика значително го намалуваат крвниот притисок. Во овие студии, група на постари луѓе со висок крвен притисок се собирала неколку пати месечно. Заедно слушале музика, си кажувале вицови и се опуштале. После 2 месеци, нивниот крвен притисок се намалил за 6 единици. Тоа е исто како да земале лекови, да намалиле 5 килограми или да го намалиле внесот на сол. Не е туку така кажано дека  смеењето е – најдобар лек !

Токму поради тоа… искористете го убавото време, потоплите ноќи… и уживајте максимално !

Напиши коментар