Здраво тело

Со домати до помалку килограми

Доматите се природен антиоксиданс и помагаат за слабеење и одржување на линијата, го чистат телото од токсини и се богати со витамин Ц. Со диетата на база на домати за една работна недела може да намалите и до три килограми.

За време на диетат се препорачува користење на свежи или зготвени домати. Свежите домати се богати со витамин Ц, но зготвените не штитат од слободните радикали.

Прв ден: Појадок – 2 кришки интегрален леб со лажичка нискокалоричен путер и чај или кафе без шеќер. Ручек – огромна салата од домати, 150 гр. немасно сирење и лажичка маслиново масло. Вечера – тестенини со сос од домати. Ужина – мандарини.

Втор ден: Појадок – 200 мл. немасен јогурт и 2 лажици овесни снегулки. Ручек – грчка салата со немасно сирење. Вечера – парче пастрмка на скара и сок од домати. Ужина – интегрален кекс.

Трет ден: Појадок – интегрално пециво со 2 лажици немасно крем сирење. Ручек – парче пилешко на скара и голема шопска салата. Вечера – 2 варени јајца, парче интегрален леб и 2 домати. Ужина – сецкани моркови.

Четврти ден: Појадок – 2 парчиња интегрален леб со немасна шунка и една чаша сок од домати. Ручек – варен или печен ориз и голема салата од домати и кромид. Вечера – интегрално парче леб со путер и мармалад. Ужина – јаболко.

Петти ден: Појадок – интегрално пециво со сок од домати. Ручек – варени или печени компири и голема грчка салата.  Вечера – повторно компир, овојпат со една чаша сок од домати. Ужина – банана.

Доколку сте гладни, дозволено е меѓу оброците да конзумирате сок од домати, за кој експерите сметаат дека, во комбинација со бибер, го поттикнува согорувањето на масните наслаѓи.

Напиши коментар