Завесите можат да бидат важен детаљ на ентериерот, но понекогаш тие стануваат досадни. Доколку ова ви се случило искористете неколку трикови да ги разубавите, да ги направите помодерни или да ја избегнете монотонијата во уредувањето.
Идеи :
Најдете стара шарена марама , превиткајте ја за да добиете триаголник, префрлете ја преку корнизата и прицврстете или сошијте ја на горниот дел на завесата.
Пластично или текстилно цвеќе кое можете да го купите за малку пари, „расфрлете“ го на завесата. Ако завесата е бела тогаш цвеќето може да биде разнобојно, докека пак за останатите бои избегнувајте ги шарените цвеќиња.
Прешијте трака во друга боја, по можност со реси што поблиску до горниот крај на завесата.
Имате мноштво распар копчиња? Сошијте ги на различни делови на завесата по желба.
Ние даваме идеи Вие употребете малку фантазија и верувајте…
… монотонијата ќе исчезне за миг!!!