Искористете ја моќта на природата, енергијата на просторот и направете сé да се движи во вашата насока. Затоа ви се потребни основни познавања од Фенг Шуи. Денес ќе ви кажеме неколку совети за уредувањето кои ќе ви помогнат да ја зголемите моќта на вашата привлечност кога се во прашање парите.
Влезната врата од станот нека ви биде почетна точка, и утврдете според Фенг Шуи каде “багуас” лежи во вашиот дом. Секоја соба во домот има “багуас”. Зоната на богатство и просперитет се наоѓа на десната страна од главниот пат. Затоа внимавајте десната страна од вратата и пролазот да бидат секогаш чисти, без украсни предмети и мебел од таа страна.
Чистотата е еден од главните принципи на Фенг Шуи, затоа направете ред во домот. Исфрлете ги исте непотребни предмети од домот. Центарот на домот треба да биде особено чист. Не дозволувајте зоната на кариера да биде валкана.
Би било добро кога зоната на богатството би била комплетно чиста и кога во неа ќе закачите некоја слика која ве асоцира на благосостојба. Слика на која е нацртана вода која тече е одличен избор. Друга важна работа е прозорците во тој дел да бидат чисти. Ако имате прозорци од десната страна на влезната врата чистете ги редовно.
