Масната кожа е поподложна на создавање на акни. Не дека тоа не е случај кај сувата кожа, но можноста за појава на акни е многу поголема кај оние кои имаат масна кожа. Ние ќе ви понудиме неколку едноставни рецепти од продукти кои ги имате во кујната, а ќе ви помогнат во напорната борба со акните.
Ѓумбир
Би требало да го имате ѓумбирот во секојдневното мени. Тоа е одлична состојка која има низа благодети за вашето здравје и убавина. Направете лосион од ѓумбир. Едноставно прелијте една лажица ѓумбир со врела вода и промешајте. Оставете нека се излади, а потоа користете го како лосион. Со памук исчистете го лицето. Доколку го користите секојдневно ефектите ќе бидат воочливи.
Доколку имате акни, најлесно може да ги “избришете” со една домашна паста. Потребно ви е една лажичка лимонов сок и цимет. Со пастата која ќе ја подготвите намачкајте ги акните и оставете нека делува 15 минути. Потоа измијте се со вода.
Сусамот исто така може да ви биде од корист. Од една лажица со мед и сусам направете густа паста. Нанесете ја на акните и оставете нека делува 15 минути.
Со овие рецепти ќе им кажете збогум на акните.
1 Коментар
Bravoo