Здраво тело

Со грст ореви на ден до помал апетит

Британските научници утврдиле дека еден грст ореви во денот го намалуваат апетитот и влијаат на намалување на телесната тежина.

Освен тоа со консумирањето на оревите се зголемува лачењето на хормонот серотонин, кој позитивно влијае на среќата но и на работата на срцето.

Држењето на диета и земањето по еден грст ореви на ден може значително да ви помогне да ги стопите масните наслаги на стомакот. Оревите содржат здрави маснотии, антиоксиданти кои се важни за слабеењето. Кога би јаделе секој ден ореви би ви се намалила и потребата за слатки, а тоа е од големо значење за оние кои сакаат да ослабат.

Напиши коментар