Здраво тело

Со јогурт против депресија

Според научниците, пробиотиците или добрите бактерии, кои се наоѓаат во составот на јогуртот, можат да направат промени во  хемискиот состав на мозокот, а со тоа и да ја излекуваат депресијата.

Имено, бактеријата Lactobacillus rhamnosus, драстично ги намалува стресот, анксиозноста и пореметувањата поврзани со депресијата. Јогуртот лечи и ги спречува, мноштво на други проблеми – ги уништува лошите бактерии во грлото и го зајакнува имунитетот, а ако се јаде како ужина на работа, ја чува линијата бидејки го предизвикува и го продолжува чувството на ситост. Бактериите кои го преработуваат млекото во јогурт – L.acidophilus, L. bulgaricus, S.thermophilus и bifidobacteria, ја урамнотежуваат цревната микрофлора и го одобруваат метаболизмот и се најпогодни посебно после третман со антибиотици, но и после некоја чаша алкохол повеќе:)

Јогуртот не само што ќе го опорави измачениот желудник, туку и на телото ќе му ги овозможи неопходните белковини, витамини B 12, магнезиум и калијум. А за оние кои ќе се одлучат за лајт варијантата на овој еликсир, ќе го намалат ризикот од висок притисок за 50 проценти, тврдат шпанските научници.

 

 

Напиши коментар