Убавина

Со киви, компир и белка против брчки

Превенцијата е исто толку важна како и третманот за пеглање на брчките. Со време почнете да користите третмани и пакувања за спречување на појавата на брчки. Најдобро е тоа да го правите на природен начин, со домашно подготвени маски за лице кои не содржат никакви хемикалии.

Компир

Компирот содржи голема количина на витамини Е и Ц. Тие се витамините кои се од суштинско значење за еластичност и влажност на кожата. Еден компир ситно изрендајте го и смесата нанесете ја на лицето, по 20 минути измијте се со млака вода.

Киви

Кивите се богати со витамин Ц, а тоа е витаминот важен за регенерација на кожата. Маската од киви ги ублажува брчките, ја прави кожата еластична. Може да ја применувате еднаш неделно. Исцедете ги ситно исецканите парчиња од две киви и отстранете ја течноста. Смесата помешајте ја со една лажица мед и ставете ја на лицето. По 20 минути измијте се со ладна вода.

Белка од јајце

Оваа намирница содржи витамини од Б комплексот кои имаат моќ да ја затегнат кожата и да ги намалат појавените брчки. За брзо затегнување пред важен настан изматете цврст снег од две белки. Ставете ја пената на лицето и по 20 минути измијте се со ладна вода.

Напиши коментар