Манекенката Елизабета Каналис е наводно во врска со Стиво од серијалот “Jackass“ кој се прикажува на MTV.
Италијанката која на јавноста ѝ е најпозната по врската со холивудкиот заводник Џорџ Клуни, моментално си ја гради својата кариера во Америка, каде изгледа си пронашла и нова љубов.
Елизабета (33) и Стиво (37) се забележани како заедно напуштаат еден фризерски салон во Лос Анџелес, а пред папараците не сакале да откријат дали се само пријатели или нешто повеќе.
Стиво, еден од најлудите учесници во „Jackass“, повеќе пати е уапсуван поради поседување дрога и нарушување на јавниот ред и мир. Некое време поминал и во установа за ментално здравје поради депресија и нагли промени во расположението.
http://www.youtube.com/watch?v=GWegL-qn2r8&feature=player_embedded