ШоуБиз

Со кого се не бил Мик Џегер?

Во книгата за фронтменот на Ролингстоун е откриено дека бил во страсна врска со Анџелина Џоли, Карла Бруни, Ума Турман, помеѓу останатите…

Спиел со многу жени, па и мажи, се тоа го пишува во книгата на Кристофер Андерсон, откривајќи дека ѕвездата на групата The Rolling Stones бил во страсна двегодишна врска со една од најпосакуваните жени во светот, Анџелина Џоли.

Тој бил во врска со многу манекенки, а посебна страст имал кон девојките на неговите колеги.

Тој се запознал со Анџелина за време на снимањето на спотот Anybody Seen My Baby, во кој таа глуми стриптизета. Во тоа време таа се омажила за британскиот актер Џон Ли Милер, а истовремено имала афера со Тимотеј Хатон. Се тоа не го поколебало Мик, па и тој се впуштил во врска со неа.

Додека бил во брак со Џери Хол, тој бил во страсна врска со Карла Бруни, која во тоа време имала 23 години.

Во книгата се пишува и за неговата врска со Ума Турман, кога таа имала само 27 години кога тој успеал да ја одвелчка во кревет и неа.

Напиши коментар