Уште древните луѓе придавале на боите симболично значење. Современата наука го разработила методот „Шарени деца“ со чија помош боите кои се најзастапени во цртежот на детето го појаснуваат карактерот на конкретното дете, неговата реакција во различни животни ситуации и најмногу – може да се направи прогноза какво ќе биде кога ќе порасне.
Жолто дете
Жолтата боја е бојата на духовноста но истовремено и опасноста. Овие деца се слободни, оргинални, мислат поинаку. Опасна за нив е неограничената власт. Пред се се наклонети кон творештво. Жолтото дете е мечтател, фантазира и раскажува. Кога ќе порасне секогаш ќе верува, ќе се надева и ќе се стреми кон нешто во иднина.
Црвено дете
Црвената е бојата на крвта, здравјето, енергијата, силата и власта. Црвените деца се отворени и активни. Многу е тешко на родителите на црвените деца зошто тие се живи, диви, непослушни, неспокојни. Црвените деца се многу упорни но егоисти. Успеваат по секоја цена.
Сино дете
Сините деца се спротивно од се она што претставуваат црвените деца. Синото дете е смирено, балансирано, сака да ги прави работите бавно и внимателно. Често децата ја избираат сината боја не затоа што се смирени, туку затоа што во тој момент имаат потреба од мир.
Виолетово дете
Виолетовата боја ја симболизира ноќта, таинственоста, мистиката . Виолетовите деца имаат богат внатрешен мир и се артистични од една страна и многу чувствителни од друга. Тие се обидуваат да направат впечаток. Спосебни се да се погледнат себе си од страна. Тие се многу ранливи и имаат потреба од подршка многу повеќе од другите деца.
Зелено дете
Зеленото дете обично се чувствува запоставено и има огромна потреба од мајчина љубов. За да израсне зелената личност ( конзервативен, човек што се безспокои од промени, кои ги асоцира со загуба) има потреба од креативно воспитување. Зеленото дете пред се треба да се чувствува заштитено.
Портокаловото дете
Овие деца лесно се возбудуваат, како црвените и жолтите, но кај нив возбудата нема излез. Тие се веселат, викаат, без очигледна причина. Затоа портокаловата боја е опасна.
Црно дете
Црната боја симболизира темнина и смрт и е забранета за деца. Децата ретко ја избираат оваа боја, но ако сепак ја изберат, пред останатите бои, тоа е знак за предвремено развиена комплицирана психа, а исто и стрес, кој би го превртел наопаку животот на детето.
Розово дете
Розовата боја обично ја избираат девојчињата. Розовото детенце обично е нежно, слабо, плашливо. Тоа е зависно од луѓето околу него, има потреба од постојана подршка . Кога розовата боја е омилена на момче тоа зборува за силна личност.
Сиво дете
Сивата боја е исто така лош избор за дете. Тоа претставува рутина, отфрлање, бедност. Сивите деца се многу тивки, плашливи, затворени. Сива ситуација се јавува кога детето е одвоено или само се одвојува од другите деца.
