Motherhood

Со љубов, за сите мајки и сопруги на светот…

Постои едно место каде што заборавате на сите проблеми… Феминистките би се согласиле дека „таа… е решение за секој проблем“, мажите би се пошегувале дека „ таа… е проблем за секое решение“. Сепак, ТАА… е Вашата мајка, сопруга… жената која не управува со Вашето царство наречено живот, но е единственото суштество што вистински знае да Ви помогне околу него. За нејзината функција во семејството, непотребно е да навлегуваме во детали… Јасно е која е жената што најубаво готви, една е жената која на крајот на напорниот ден ќе умее да Ве искритикува но најубаво ќе знае да Ве опушти…

Човекот, во суштина е кревко суштество. Еволуцијата одредила животни фази и правила. Во нив, влегуваат различни луѓе кои знаат и да нé расположат, но и да нé повредат, и да ни помогнат, но и да ни уништат… Една е жената која располага со сите сили на Универзиумот, спремна да се бори како лавица, способна да урива мостови, достојна да се избори за нејзиното.

Веќе сите сме изморени да ги слушаме приказните за тој еден и единствен ден каде сопругата и мајка има „ обврска“ да прими неколку цветови, сувенири и симболични подароци. Кралицата на нашите животи заслужува многу повеќе. Таа на се се согласува, без многу прашања, мајката го гледа одговорот во очите на детето, уште пред да го праша, сопругата, веќе знае што е она што му е потребно на нејзиниот вечен сопатник.

Ја има во различни изданија, но единствен облик. Можете да ја видите во разни делови од светот…Завиткана во шамија, гола, гладна, болна, сиромашна, богата, можете да ја видите во нов модел на автомобил, облечена во модерна гардероба…Но има само една идеологија…Каква и да е… Таа е жената која треба да ја сакате и почитувате 365 дена во годината. Жена е и онаа со модринки која “ паднала по скали “ и случајно оној кој „ ненамерно “ ја предизвикал неволјата, утре ќе и се извини со симболично подароче. Жена е и онаа која не спие со денови чекајќи ја својата „посилна половина“ која си ги лечи раните. Жена е и онаа која не помага во егзистенцијата со пари, туку со љубов и убаво готвење….

Жена…е и Вашата мајка и сопруга… Пружете и неизмерна љубов…секој ден од годината !

Напиши коментар