Убавина

Со магдонос против првут

Сега многу лесно може да ја уништиме лошата слика на првутот во нашата коса. Лекот е толку лесен и достапен за сите нас. Да ви напоменеме дека треба да бидете истрајни и да ја практикувате редовно за имате трајни ефекти.

Единствено што треба да направите е да подготвите маска за коса која ќе го отстрани првутот од косата. Потребни ви се три лажици иситнет корен од магдонос и три лажици рицинусово масло. Со оваа смеса масирајте ја главата. Оставете нека отстои 15 минути, а потоа измијте се со многу вода. Оваа маска правете ја барем еднаш неделно за да имате голем ефект.

Напиши коментар