Здраво тело

Со малини против рак

Познато е дека одредени видови на овошје помагаат во борбата со ракот, а најновите истражувања покажуваат дека и екстрактот од малина ги уништува ќелиите на рак на дебелото црево.

Овој екстракт директно делува на нив и ги уништува. Со научното истражување кое било правено се докажало дека 90% од клетките на ракот биле уништени со малините. Ова е значаен придонес во медицината со кој сега многу полесно ќе се регулираат цревните заболувања, и тоа само со екстракт од малина. Нажалост стручњаците сметаат дека ова е можно само кога директно се делува со овој екстракт на клетките на ракот, а не кога го консумираме ова овошје. Но, тоа не значи дека не треба да јадеме малини. Тие се моќни антиоксиданси кои имаат многу ниска калорична вредност, а многу висока хранлива вредност. Малините содржат огромна количина на витамн Ц, многу повеќе од лимонот. Освен тоа содржат витамин Б, Е, танин, гликоза, пектин, фолна киселина, билни влакна, белковини…

Напиши коментар