Убавина

Со масажа против стрес и болка

Ви претставуваме неколку едноставни, но ефективни техники на масажа кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот:

Масажата на главата е навистина лековита, смирувачка и регенеративна. Масирајте ја главата додека ја миете косата. Започнете со лесни и нежни движења, па постепено засилувајте го притисокот.

Абдоминалната масажа го намалува стресот и ја ублажува болката, па затоа масирајте се секоја вечер пред спиење најмалку 5 минути.

Масажа на ушките школки: Оваа масажа ќе ве опушти и релаксира. Масирајте ги ушните школки со палецот и показалецот од горе па надолу по врвовите на ушите.

Масажа на лицето: Со прстите нежно притиснете го делот околу очите, па со нежни движења кружете со прстите прво во една, па во друга насока. Масажата повторете ја на другите делови од лоцето.

Масажата на рацете со ароматични масла ќе ви ја намали напнатоста и ќе ви ги опушти мускулите. Нанесете неколку капки етерично масло на рацете и масирајте се со нежни движења. Масажата на рацете посебно е благотворна за оние кои доста време поминуваат типкајќи на тастатура.

Напиши коментар