Здраво тело

Со месо – против безболен ПМС !!!

Намирници кои можат да ги ублажат „ најтешките “ денови во месецот се: темнозелениот зеленчук, печурките, грашокот, житарките, рибата, јајцата и … месото !!!

Резултатите од направено истражување покажуваат дека жените кои редовно јаделе храна со витамин В, имале за 35% помал ризик од симптомите на ПМС, отколку жените кои не го јаделе овој вид на храна.

Чоколадото и чизбургерот се богати со В витамин, односно тиаминот во витаминот В1 и рибофлавинот во витаминот В2.

Двата витамини ги ублажуваат симптомите на стрес, при што стручњаците укажуваат дека тиамин најмногу содржат житарките, оревовидните плодови и месото, додека рибофлавин најмногу има во млекото, јајцата, зелениот зеленчук и месото. Тие комбинации, вклучувајќи ги серотонинот и допаминот, помагаат во регулирањето на непријатните симптоми на ПМС како што се промената на расположенито, депресија, болки и умор.

Ако имате доволно количество на витамин В во организмот, истиот ќе го намали предменструалниот синдром бидејќи влијае на хемикалиите во мозокот, кои го активираат ПМС.

Затоа, за време на ПМС, слободно, навалете на месо, советуваат стручњаците.

Напиши коментар