Здраво тело

Со млеко против камен во бубрег

Иако порано се сметаше дека калциумот им штети на оболените од камен во бубрег, новите истражувања покажаа дека тоа е само уште еден мит.

Таквото мислење беше општо прифатено затоа што каменот во бубрег се состои од калциум, па лекарите им соопштуваа на своите пациенти да не консумираат млеко и останати млечни производи.

Сепак се докажа сосема нешто спротивно. Оние кои внесувале премала количина на калциум имаат 20% поголем ризик да се здобијат со камен во бубрег.

Најдобар начин да ја спречите оваа појава, камен во бубрег е да не внесувате сол во организмот, затоа што на тој начин се намалува нивото на калциум. Докажано е дека ако внесуваме над грама сол во денот ја имаме шансата да се здобиеме со оваа болест за 61%.

Напиши коментар