ШоуБиз

Со молитва против концертите на Gaga!?

Голем број конзервативни христијани од Јужна Кореа ќе се соберат со заеднички мотив и ќе се обидат да го спречат концертот кој во Сеул треба да го одржи Lady Gaga. Како причини против концертот се наведуваат промоцијата на хомосексуалност и порнографија на младата поп ѕвезда.

–          Ќе се молиме на Бог да не се одржи концертот со цел да се спречи ширењето на хомосексуалноста и порнографијата на земјава, – изјавил огранизаторот на протестите Kang Ju-Hyun, според кој на оваа група протестанти наскоро треба да ѝ се придружат и други појаки црковни групи и здруженија.

Инаку, на жителите на Сеул, кои имаат под 18 години им е забранет влез на концертот на пејачката. Концертот треба да се одржи на 27-ми Април.

Write A Comment