Убавина

Со морска сол кажете и збогум на сувата кожа

Илјадници години наназад луѓето се капат во солена вода со цел да ја одржат здрава својата кожа. Морската сол содржи минерали кои се од особено значење за кожата. Тие ја регенерираат, и даваат еластичност, сјај и цврстина. Искористете ја моќта на морската сол во служба на својата убавина.

Освен на море, тоа може да си го дозволите и дома. Само набавете квалитетна морска сол и измешајте ја со глицерин. Со оваа паста намачкајте ја намокрената кожа. Убаво со кружни движења измасирајте го лицето и телото, а потоа истуширајте се. Кожата ќе ви биде благодарна.

Напиши коментар