ШоуБиз

Со почит кон Ета Џејмс!

За време на двочасовниот погреб на починатата ѕвезда Ета Џејмс во саботата, бил испеан нејзиниот голем хит „At Last“, а бил прочитан и говор од самиот американски претседател Обама. Кристина Агилера ја имала честа да го испее хитот на Џејмс пред 300 присутни во црквата во Гардена, Калифорнија и си заработила овации.

–          Кога ја вежбав песната, при секоја изведба ми надоаѓаа солзи и не можев да се возрджам. Си велев, што ако ми се случи ова и на погребот. Сакав да го сторам ова. Ета ми значеше еден цел свет и ми беше огромна чест да бидам тука денес, – биле зборовите на Агилера.

И Стиви Вондер бил дел од погребот, пеејќи го својот хит „Shelter in the Rain“. Ета Џејмс има заслуга и за уништувањето на културната завеса во Америка пред да се донесе Законот за цивилни права во 1964 година. Во текстот испратен од Обама, а прочитан од Шарптон пишувало:

–          Ета ќе биде запаметена по легендарниот глас и нејзиниот придонес на музичкото наследство на нашата земја.

Напиши коментар