Убавина

Со позитивни мисли до успешно губење на килограмите

„Комуникацијата помеѓу умот и телото е константна, но умот е оној кој го одредува нашето однесување“, објаснува нутриционистката и фитнес советничка Џенет Томпсон, авторка на книгата „Повеќе мислете, а помалку јадете“.

Томпсон додава дека е уверена дека постојат луѓе кои се дебелеат заради загрижувачките пораки кои мозокот му ги испраќа на телото и го саботира во обидите за слабеење.

„Размислувате за тоа како ќе изгледате и како ќе се чувствувате кога ќе ја постигнете саканата тежина секое утро и секоја вечер. Моќта на позитивното рамислување е огромна. Запишете точно што сакате да постигнете, водете дневник за својата исхрана и никогаш не користете храна како награда. Јадете затоа што на вашето тело му е потребно гориво, и потрудете се тоа да биде најквалитетното гориво, односно најздравата храна“, тврди Томпсон и гарантира дека со овие совети дефинитивно ќе ја постигнете саканата тежина.

Напиши коментар