Ова се неколку клучни лекови кои ќе ви помогнат повеќе од апчињата на кои сте навикнати да ги пиете додека сте болни.
Масло од еукалиптус
Ова дрво потекнува од Австралија, а денес расте насекаде низ светот. Маслото не е воопшто скапо, а е многу ефикасно. Во сад со врела вода ставете неколку капки и прекријте ја главата со пешкир така што ќе ја вдишувате пареата. На тој начин ќе ја намалите болката во синусите.
Ѓумбир
Тој е одличен за суво грло. Содржи супстанци кои ги убиваат вирусите. Иситнете корен од ѓумбир и прелијте го со врела вода. Оставете нека отстои 5 минути. За подобар вкус може да додадете мед. Овој чај пијте го додека е топол.
Нане
Тоа е безбедно и за најмалите деца. Одлично ги смирува воспалените синуси.
Мед
За суво и воспалено грло медот е одличен лек. Се препорачува и кај оние со силна кашлица. Најдобро е кога медот го јадете без никаков додаток, но и во комбинација со чај помага.