Убавина

Со руски пилинг од кафе… до блескава кожа !!!

Русинките не го фрлаат талогот од кафе, туку го користат за пилинг, така што со него ги масираат сувите или влажни делови од кожата.

Всушност, меленото кафе механички ги отстранува изумрените ќелии, кожата ја прави нежна и ја лади. Кофеинот ја поттикнува циркулацијата, а резултатите се блескава, сјајна и чиста кожа и отстранет целулит.

Направете сами : Пет лажички талог од кафе, помешајте ги со 150 грама морска сол и две лажички маслиново масло. Пилингот комбинирајте го со нежна масажа со кружни движења, почнувајќи од рацете кон нозете, во правец на срцето. Оставете ја смесата да делува на кожата, а потоа истуширајте се со млака вода.

Верувајте дека овој пилинг ќе стане секојдневие…Ќе бидете изненадени од резултатите !

Напиши коментар