ШоуБиз

Со шарена чорапа на повторен брачен завет! :)

Скоро четири години по нивната свадба која се одржа како изненадување на Бахамите, Nick Cannon и Mariah Carey решиле повторно да ги обноват брачните завети во една приватна церемонија во петокот, во Париз.

На сликата која е направена пред церемонијата, Mariah е во прекрасен бел фустан и наликува на сирена, додека пак, Cannon кој е исто така во бел костим, клечи и ја гледа својата сопруга во очи.

Има само една утка. Ги утнал човекот чорапите и по грешка или од невнимание си одбрај шарени, а тоа веднаш било забележано штом клекнал пред сопругата.

–          Вечерва беше прекрасна. Не можам да ви опишам колку беше неверојатно да се обноват заветите и тоа во Париз, на врвот на Ајфеловата кула, – напишала пејачката на Твитер.

Write A Comment